|
Компактниот SUV на Kia, Sportage, кој иако ниже одлични продажни резултати е подготвен за да замине во пензија. Sportage наскоро добива наследник кој веќе е подготвен за сериско производство.

Доказ дека новата генерација на Kia Sportage се низата дизајнерски цртежи доставени до европскиот завод за патенти кои по некоја случајност завршија на интеренет прикажувајќи го конечниот дизајн на возилото.
Новиот Sportage ги носи дизајнерските белези на новата генерација на моделите на Kia нацртани од Петер Шреjeр и има многу попpивлечен дизајн од актуелниот модел поради што се очекува да има уште подобар прием кај купувачите.
Платформата на која е поставена новата генерација на Sportage е онаа истата на која стои и новиот Hyundai Tucson, односно ix35 за во Европа. Тоа значи дека под хаубата ќе работат два бензинци и три дизел агрегати.
Гамата дизели ја претставуваат познатите мотори кои ги задвижуваат и останатите модели во понудата на Kia и на Hyundai. Значи станува збор за 1.6 литарескиот турбо дизел со 115 КС и две верзии на 2.0 литарецот со 134 и 184 КС.
Бензинците се исто така познати. Се работи за атмосферските четири цилиндерци од 1.6 и 2.0 литри кои остваруваат 140, односно 166 КС. Моделите наменети за пазарите во Северна Америка ќе носат четирицилиндерци со зафатнина од 2.0 и 2.4 литри.
Новата генерација на Sportage е именувана како модел за 2011, а се очекува дека на пазарот да пристигне во текот на годината. Според извори од Kia светската премиера треба да се случи наскоро.
Или на салонот за автомобили во Женева во март годинава, или пак, на салонот во Сеул во април.
|