Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Откриен новиот Citroen Berlingo
24.01.2008
citroen-berlingo-1.jpgВанот на фотографијата е новиот Berlingo Multispace и е комплетно нова генерација на транспортерот на PSA, Peugeot/Citroen, а наскоро се очекува да се појави и неговиот брат близнак Partner.

Овие два модели се многу важни за групацијата PSA бидејќи нивните претходници, кои сеуште се продаваат, сочинуваат дури 10 проценти од вкупната глобална продажба, и како што велат експертите за маркетинг кај овие два модели нема место за грешка. Можеби затоа толку долго се чекаше на новата генерација.

Новиот Berlingo гази по стапките напретходникот, но нуди многу повеќе во форма на поголема кабина, поголем простор за транспорт, прозор на задната врата кој се отвора посебно, седишта кои можат да се преклопат и извадат, а преклопени го претвораат ванот во мобилна канцеларија.

За почеток како двигател е избран познатиот 1.6 литарски HDI со 110 коњски сили кој сега треба да задвижува автомобил кој е подолг за 24 сантиметри од претходникот и сега мери 4,38 метри во должина, со максимален внатрешен волумен на просторот подготвен за превоз на товар од 3.000 кубни сантиметри.

Поставен е на платформата на Citroen C4 Picasso и со модерниот дизајн се обидува да допре до уште поширока публика од својот претходник. Секако на обичниот Berlingo се надополнува и верзијата XTR која нуди подигната каросерија, затемнаети стакла и црни пластики неопходни за мачо имиџ.

Цената сеуште не е позната како и стартот на продажбата.

citroen-berlingo-2.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook