Get Adobe Flash player
Откриен новиот Civic
20.08.2008
honda-civic-2010-1.jpgHonda ја најавува новата генерација на Civic, откривајќи дека наследникот ќе биде носи уште поекстравагантен и посмел дизајн дури и од сегашниот веќе футуристички модел.

Најавата за нова генерација на успешниот компакт на Honda доаѓа во време кога повеќето производители ги најавуваат своите модели за 2009 и 2010.

Тука се Renault Megane, Volkswagen Golf VI, Opel Astra, Ford Focus... Конкуренцијата не спие, тоа им е јасно на раководните структури во Honda и токму затоа ja најавуваат новата генерација на Civic кој на пазарот треба да се појави во 2010.

Кружат гласини дека Civic би можел да пристигне на пазарот уште следната 2009, но како модел за моделска година 2010.

Се чини дека во Honda ќе ја применат стратегијата на VW при најава и претставување на Scirocco. Првично претставен како концепт IROC, никој не претпоставуваше дека генерално Scirocco ќе го задржи дадениот облик. Сепак, за во серија дизајнерите го смирија дизајнот на IROC. Штета.

Новиот Civic наследува елементи од актуелниот модел како што се задните светла развлечени по цела ширина на автомобилот што најверојатно ќе остане како заштитен знак на автомобилот.

Сепак, дизајнерите се откажуваат од задно стакло изработено во два дела заради подобрување на видливоста и прегледноста кон назад. Високиот појас, ниските прозори, широките раменици и носот кој се спушта стрмо кон предната маска и потсетува на родстерот S2000 му даваат на Civic лут спортски лик кој веќе на прв поглед ја открива вистинската намена на автомобилот.

Ова хечбек-купе пред се е наменето за помалдата публика кај која стилот и имиџот се многу поважни отколку практичност. На сето ова се надополнуваат прекрасните и огромни леснометални бандажи, поцврста суспензија, црни детали како странични завеси, спојлер на задниот и предниот браник, аглестите ретровизори и тесните шпицести светла.

Во Honda најавуваат дека верзијата со три врати ќе биде многу поразлична од онаа со пет врати. Се чини дека ваквиот начин на поделба на автомобилите станува мода. Исто ваква најава има и за новиот Renault Megane.

Затоа верзијата со пет врати ќе биде ориентирана кон фамилијарни луѓе и практичност. Ќе има подолга линија на кровот и ќе нуди многу простор како напред така и одзади и како и сегашниот модел ќе има најголем багажник во класата. Секако и суспензијата ќе биде поддесена помеко, а и управувањето нема да биде толку директно.

Моторите ќе бидат заеднички и за двете верзии, новина ќе биде бензинецот од 1.5 литри кој ќе испорачува 150 коњски сили. Истиот мотор, но во скротена верзија ќе биде врзан со хибриден погон и ќе остварува емисија на СО2 пониска од 120 g/km.

Новиот Civic ќе биде предводникот на Honda во освојување на пазарот со хибридни автомобили и директен конкуренција на ривалот од соседниот двор Toyota Prius.

За да ги оствари плановите Honda започнува со преструктуирање на дел од своите производствени капацитети.

Очекувањата на фановите на Civic за производство на жешката верзија Type R ќе бидат исполнети. Спортистот со вртливиот 2.0 литарски атмосферски бензинец со i-VTEC технологија се тестира. Но, во Honda размислуваат како да го вметнат во својот голем хибриден план.

Постои можност лутиот бензинец да биде спарен со електромотор заради подигнување на моќноста, но и заради задржување на штедливоста и намалување на емисијата на СО2.

Доколку овој план се оствари светот во наредните пет години ќе го добие првиот жежок компакт со хибриден погон.


 

 

 

Facebook