Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Откриен Porsche Panamera
24.11.2008
porsche-panamera-oficijalno.jpgПоради протечена информација, поточно прекршување на ембарго за објавување во медиуми се појавија првите официјални фотографии на Porsche Panamera заедно со неколку детали.

Дефинитивно Panamera е еден од најдолго подготвуваните и еден од најочекуваните модели во историјата на Porsche кој денес се наоѓа пред нас.

Без оглед што станува збор за спортска лимузина со четири врати во секој дизајнерски елемент се препознава стилот вткен во програмата на Porsche од неговите почетоци па се до ден денес.

Секако ова е само почеток на напливот на информаци кои се очекуваат во следниот период и преку кои Panamera ќе биде комплетно претставена.

Стартот на производството на Panamera е во април 2009, а светската премиера ќе биде на салонот во Женева во март. Плановите на Porsche се да произведува по 26.000 примероци на годишно ниво.

Сепак, внатрешни извори тврдат дека ова е максималниот капацитет на фабриката и дека реално ратата на производство ќе се задржи на 20.000 автомобили годишно.

Претпоставките дека Panamera ќе биде голем автомбил се потврдени. Спортската лимузина на Porsche во должина ќе мери точно 4.970 mm и ќе биде широка 1.930 mm. Меѓуоскиното растојание е развлечено на 2.920 mm, а стрелката на вагата застанува на 1.800 kg.

На стартот на продажбата на располагање на купувачите им се оставени три верзии. Основната Panamera  доаѓа со 3.6 литарски V6 со 300 коњски сили, а 4.8 литарски V8 со 450 коњски сили ќе ја задвижува Panamera S.

Врвот од понудата е обезбеден за Panamera Turbo која ќе ја здавижува истиот 4.8 литарски V8 со турбо полнач. Моторот благодарение на турбо натполнењето ќе остварува околу 500 коњски сили.

Погонот на четири тркала е обезбеден за Panamera S и за Panamera Turbo, додека Panamera ќе ја задвижуваат само задните тркала. Моќноста до тркалата ќе се пренесува преку нов менувач со две спојки.

Лежењето на пат и комфорот се постигнува со електронски контролирана воздушна суспензија, а за дополнителен потисок врз подлогата се грижи задниот спојлер поставен на капакот од багажникот.

Panamera во Европа стартува со цена од 80.000 евра за моделот со V6 и погон назад, а турбото со погон на четири тркала ќе чини од 125.000 евра.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook