Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Откриена Alfa Romeo TZ3 Corsa
27.04.2010

По најавата за третиот концепт создаден за прослава на 100 години Alfa Romeo, Zagato и официјално го претстави својот болид TZ3 Corsa со кого воедно ги слави и своите 90 години тркачка историја.

alfa-romeo-zagato-tz3-corsa-2010-1

Како што веќе пишувавме во најавата Alfa Romeo TZ3 Corsa е расен тркач создаден од карбон-фибер и алуминиум и зајакнат со просторна рамка од цевки од високолегиран челик.

Со ваква градба се обезбедува максимална торзиска цврстина потребна за да се издржат напрегањата на усукување кои се јавуваат при полно оптоварување на автомобилот што е нормална појава на тркачка патека.

На овој начин од Zagato се потрудиле да создадат уникатен автомобил не само со единствен дизајн, туку и со единствена конструкција и во тоа несоменно успеале и сигурно не го разочарале анонимниот нарачател.

Но да видиме што точно се сокрива под името Alfa Romeo TZ3 Corsa.

Чистокрвен тркачки автомобил со тежина од 850 kg, меѓусокино растојание од 2.500 mm, трага напред од 1.622 mm и назад од 1.617 mm. Alfa Romeo TZ3 Corsa е долга 4.345 mm, широка е 1.944 mm и висока е точно 1.200 mm.

Во кабината има место само за возач и совозач кои се сместени во седишта од карбон-фибер направени по спецификација за рели болидите од WRC од италијанскиот специјалист OMP.

OMP ги снабдува и тркачките појаси кои се врзуваат во шест точки, воланот од карбин-фибер обложен со превртена кожа и апаратот за гасење пожар изработен од алуминиум.

Под хаубата на Alfa Romeo TZ3 Corsa работи атмосферскиот V8 од 4.2 литри и 420 КС. Моторот има сув кратер кој обезбедува оптимално подмачкување и во свијоци при големо попречно забрзување.

Моторот воедно има можност за мануелна калибрација на параметрите што е од пресудно значење за да се постигнат максимални резултати во зависнот од карактеристиките на патеката на која се вози.

Менувачот е шест степен секвенцијален, поставен е по принцип трансаксл и сочинува заеднчки склоп со диференцијалот на задната оска. Ослонувањето е по принцип Push-Road со амртизери посебно развиени од страна на Ohlins.

Сопирачките се карбон-керамички вентилирачки дискови дело на бритаските експерти од AP Racing и се сокриваат зад ковани леснометални бандажи од 18 инчи прицврстени со централен шраф.

Alfa Romeo TZ3 Corsa користи слик гуми од Pirelli од тркачката серија PZero со димензии 245/645 – Slick 640 напред и 285/645 назад – Slick 650.

Сето ова е доволно за вистински спортски перформанси со спринт до 100 km/h за помалку од 3,5 секунди и максимална брзина од преку 300 km/h.

Прилично импресивно нели!

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook