|
Kia, откако на светот му ја најави новата генерација на својот компакт Cee`d преку низа фотографии сега одлучи да ја открие и неговата кабина, но сепак сеуште молчи за техничките детали.

Се знае само дека новиот Cee`d ќе биде подолг и поширок од својот претходник, но за разлика од него ќе биде понизок со што дополнително се нагласува спортскиот карактер на дизајнот.
Внатре станува јасно дека фокусот е насочен кон возачот. Комплетно новиот ентериер нуди свеж дизајн кој е надполнет со висококвалитетни материјали, подобра ергономија и висока технологија.
Пред возачот покрај аналогните инструменти се наоѓа и екран од течни кристали на кого се прикажуваат информациите од возењето и од автомобилот, а преку мултифункционалниот волан управува со сите функции.
Централно на арматурната табла во поопремените изведби е поставен голем екран осетлив на допир преку кого се управува со навигацијата и со мултимедијалниот систем, а под него се командите од автоматскиот клима уред.
За сега толку. Kia најавува нови детали пред отворањето на салонот во Женева каде ќе биде светската премиера.
|