|
Францускиот производител Citroen на салонот во Женева го претстави својот концепт DS High Rider којшто треба да биде основа за новиот кросовер DS4 и главен конкурент на еден Nissan Juke.

Но, во Женева Citroen го прикажа само надворешниот изглед на концептот на кого ќе се потпира новиот кросовер. Со оглед на прималивиот дизајн на каросеријата со нетрпение се очекуваше кога од Citroen ќе ја откријат и внатрешнпоста.
И тоа се случи. Скоро два месеци подоцна Citroen ги прикажа првите фотографии од ентериерот на DS High Rider, односно на идниот DS4. Очекувано за еден луксузна марка каква што е DS во рамките на Citroen кабината изобилува со скапи материјали.
Арматурата, седиштата, воланот, панелите на вратите, делови од централната конзола се преслечени со дизајнирана кожа. Покрај каратеристичните дупли шевови тука се и релјефните форми кои дополнително го нагласуваат чувството на престиж.
Покрај кожата користени се детали од полиран не`рѓосувачки челик на централната конзола, рамното дно на воланот, инсерти во средина на воланот, рачките на вратите, прстените на инструментите, палките за менување на степените поставени зад волан и рамките на отворите за проветрување.
Покрај квалитетните материјали уживањето во кабината на Citroen DS4 го потполнува високото ниво на опрема, со квалитетен аудио систем врзан со системот за навигација со кои се управува преку touch-screen.
Како што е познато DS4 ќе ја користи платформата на C4 и се очекува да има многу мали разлики во однос на димензиите на автомобилот. Според одговорните во Citroen DS4 нема многу да се разликува од концептот DS High Rider поради што може да се очекува дека и кабината ќе биде потполно иста.
Дополнителни информации за кросоверот на Citroen сеуште нема. Покрај класичниот погон ос бензински и дизел мотори се очекува дека во DS4 ќе проработи и хибриден погон HYmotion4 со електромотор кој ќе ги задвижува задните тркала.
Премиерата на сериската верзија на DS4 се очекува да биде на почетокот на следната година, додека комерцијализацијата би почнала на лето 2011.
|