|
19.11.2007 |
Mazda отвори нова страница на стил и динамичност кога ја
претстави Mazda 2 и му покажа на светот дека возилата од оваа класа немора
да бидат само економични и досадни.
Со доза на иновантивност во конструирањето и дизајнот
новата Mazda 2 која е помала, полесна и многу попросторна
во однос на претходникот остана достапна, практична и што е најважно забавна за
возење.
Сега Mazda додава нова верзија во моделската понуда на својата
двојка.
Станува збор за лимузина која ќе дебитира на салонот за
автомобили Гуангчоу во Кина. Мazda со својата мала лимузина цели на кинескиот
пазар, а автомобилот ќе се произведува во joint-venture фабриката на Changan
Ford Mazda во Нанџинг.
Понудата на мотори останува иста како и кај
комбилимузината, што значи дека на располагање се два бензинци од 1.3 и 1.5
литри. Помалиот остварува 75 КС, додека 1.5 литерецот може да се добие во две
верзии со 84 и 103 коњски сили.
Производството на автомобилот е на пат, а продажбата е
закажана за во јануари 2008. Сеуште нема информации дали автомобилот ќе биде
понуден и на другите пазари ширум светот.
 
|