Get Adobe Flash player
Отворена верзија на Ferrari 458 Italia
07.06.2010

Директна потврда дека се крои отворена верзија на Ferrari 458 Italia доаѓа од централата на ковачницата на змееви Маранело. Според информацијата автомобилот ќе има тврд склоплив кров.

ferrari-458-italia-cabrio-2010-1

Технологијата што ќе се користи за создавање на тврд склоплив кров на 458 Italia е позајмена директно од моделот Ferrari California истакнуваат од Ferrari, но сеуште не даваат никакви детални информации.

Она што збунува е начинот на кој инженерите ќе успеат да го сместат кровот во задниот дел на 458 Italia. Поставувањето на ваков кров кај Ferrari California е едноставно бидејќи купето има мотор поставен напред и доволно простор зад седиштата.

Кaj 458 Italia работите стојат поинаку. Моторот е поставен централно во шасијата и одзади не останува многу простор за една ваква сложена и габаритна конструкција. Но, кога е во прашање Ferrari и неговиот инженеринг ништо не е невозможно.

Сепак, меѓу седиштата и моторот останува доволно простор за да се протне посакуваниот кров. Можеби личи дека е тесно и дека бара многу иновативни решенија, но сето ова е сам предизвик за инженерскиот тим во Маранело.

Предизвикот е дотолку поголем што отворениот автомобил ќе бара и дополнителни засилувања на шасијата за да се постигне соодветна торзиска цврстина и отпорност на увивање.

Сето ова на крај ќе ја зголеми тежината на отворената верзија на 458 Italia, па така се очекуваат и послаби перформанси од купето кое инаку до 100 km/h забрзува за 3,4 секунди и оди до максимални 325 km/h.

Компјутерски генерираните фотографии на отворениот 458 Italia од кои се оградуваат одговорните во Маранело ги потпишуваат дизајнерските зависници од jonsibal и dj teamspeed.

 

Поврзани статии

 

 

Facebook