|
01.09.2009 |
Повторно на интернет се појавија фотографии на новата
генерација на Hyunda
Sonata, но за разлика од шпијунските фотоси од претходно сега
се работи за протечена информација.
Прикажаните фотографии сега откриваат многу повеќе од
корејскиот седан од средна класа кој со нетрпение се очекува на пазарот во
Европа. Дизајнот на новата Sonata може да се окарактеризира како драматичен.
Дефинитивно дизајнерскиот тим и одговорните во Hyundai сакаат да остават печат со претставувањето на својот нов голем автомобил
со силуета на купе, но со четири врати како што велат современите дизајнерски
текови.
Информацијата вели дека автомобилот прикажан на
фотографиите најверојатно е наменет за пазарите во Азија и за во Северна
Америка. Иако ниту европската верзија не би требало многу да се разликува.
Со новиот начин на означување на своите автомобили во Hyundai новата Sonata најверојатно ќе ја крстат ix40.
Единствената фотографија од eнтериерот ја прикажува
таблата со инструменти која покрај двата тркалезни длабоко вовлечени
инструменти има и инфо дисплеј поставен меѓу нив.
Што се однесува до моторите се најавува 2.0 литарски
четири цилиндричен турбо дизел со 185 КС и уште еден помоќен V6
атмосферски бензинец со 250 КС. Се очекува продажбата во Европа да стартува во
првата половина на 2010.
|