|
18.02.2010 |
|
На конфигураторот за нови автомобили на официјалната интернет страницата на Porsche случајно или намерно на кусо се појави фотографија на новата генерација на Cayenne која го обиколи глобусот.

Интересно е што откако фотографијата била забележана и гласините почнале да струјат во Porsche ја отстраниле и ниту потврдуваат, ниту негираат дали тоа што можеше да се види на нивниот конфигуратор навистина е новиот Cayenne.
Без оглед што во Porsche не сакаат да го коментираат случајот информации за новиот Сayenne прштат на сите страни и веќе за него се знае доволно. Имено тој пристигнува на пазарот на лето и ќе се нуди со три мотори.
Прв е 3.6 литарскиот атмосферски бензинец V6 со моќност од 296 КС кој ќе работи во Cayenne. Втор во понудата е 4.8 литарскиот атмосферски V8 кој ќе испроачува 394 КС и ќе се нуди во Cayenne S.
Врвот од понудата е загарантиран за турбо изведбата на поголемиот бензинец со моќност од 493 КС која ќе се вградува во Cayenne Turbo. Подоцна како и кај новиот Volkswagen Touareg ќе биде претставена хибридна верзија, но и дизел.
Светската премиера се очекува на салонот во Женева.
|