Citroen официјално го претстави првиот автомобил од новото семејство DS,
моделот DS3, безмалку еден месец пред светската премиера закажана за претсотјниот салон
во Франкфурт.
Во Citroen се надеваат дека новиот DS3, создаден врз основата на новата генерација на Citroen C3 кој пристигнува следната година, ќе биде силен конкурент на веќе
етаблираните играчи на пазарот Mini и Fiat
500.
Од авион е јасно дека сериската верзија на DS3 во
целост го запазува стилот најавен преку концептот. Интересно е што се задржани
дури и леснометалните банадажи. Единствената видлива разлика се двете издувни
цевки место една со голем пречник која стои кај концептот.
Citroen
DS3 во должина мери 3.950 mm, широк е 1.710 mm, а
висок 1.460 mm.
Од
Citroen нагласуваат дека успеале да го постават тежиштето на
автомобилот значително пониско од она на новиот C3.
За сега се молчи за најавениот кров прекриен со
специјално обработена кожа. Сериски кровот на DS3 ќе доаѓа во четири бои: бела,црвена, црна и светло сина. Надворешните ретровизори пак ќе можат
да се добијат во боја на каросеријата, или пак, да биде целсоно прекриени со
хром.
Под хаубата на DS3 ќе работи дизелот 1.6 HDI во верзиите со 75 КС, 90 КС и 110 КС. Бензинската понуда се состои од 1.4
и 1.6 литарските атмосферски VTi кои остваруваат 95 КС и 120 КС и турбо верзијата на 1.6 литарецот THP
која остварува 150 КС.
Со намера на пазарот да се впушти во борба со Mini и со Fiat 500, инженерите на DS3 му поклониле модификувана суспензија која ќе му овозможи подобри возни
карактеристики од оние на С3 и треба да го стави рамо до рамо со Mini.
Поради релативно големата ширина во Citroen истакнуваат дека за разлика од своите конкуренти DS3 нуди
реални пет места за седење, место четири од кои задните се само за деца и
багажник со волумен од основни 285 литри.
Цената сеуште не е откриена. Во Citroen најавуваат дека ќе биде пониска од онаа на Mini . Сигурно цената ќе ја дoзнаеме пред стартот на продажбата во март 2010.
|