|
Chrysler напорно работи на сопственото ревитализирање и својата спортска марка Dodge и на репозиционирање на домашниот пазар. Дел од планот на алијансата е и смена на логото на Dodge Cars.

Уште минатата година Chrysler и неговиот нов сопственик Fiat одлучија да го одделат Dodge во две дивизии кои ќе функционираат како посебни марки внатре во компанијата.
Првата дивизија е Dodge Cars која ќе се занимава само со производство на спортски автомобили и Dodge RAM која ќе произведува само пикапи. Меѓутоа со поделба во две дивизии се отвори и прашањето за ребрендирање.
Имено Dodge RAM го задржува старото лого со стилизиран Овен на штит кој означува моќност, сила со која се одликуваат нивните пикапи. Затоа на Dodge Cars му треба нешто ново посвежо кое ќе асоцира на брзината на нивните автомобили.
Децении наназад двојната полна линија е асоцијација за спортски автомобил, нешто што е доволно брзо за никој да неможе, ниту пак смее да се осуди да го престигне. Токму таа е основата на новото лого на Dodge Cars.
Модерно дизајнираните букви од имeто на компанијата и двете црвени линии на крај имаат за цел да се поистоветат со новата девиза на марката: „Вечно млади”, која ја дели заедно со Chrysler.
Сепак, од Chrysler истакнуваат дека новото лого нема да го замени беџот со препознатливиот овен на автомобилите. Имено новото лого ќе се користи само во рекламни цели.
Од Chrysler се децидни дека нема да се случи ребрендирање ниту на продажните салони на Dodge, ниту на автомобилите на марката. Значи овенот ќе продолжи да се заканува од хаубата на автомобилите на Dodge.
|