Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Ожие сепак ќе вози во 2012
28.11.2011

Откако доби отказ од Citroen, партнерот на Лоеб, Себастијан Ожие потпиша договор со Volkswagen за развој на нивниот претендент во WRC, Polo R, но се чини дека в година Ожие сепак ќе вози.

ogier-nissen-1-2011-1

Првично беше објавено дека Ожие следната година ќе ја мине во развој на Polo R WRC и дека нема да се натрпеварува во Светскиот шампионат во рели, но се чини дека директорот на Volkswagen Motorsport, Крис Нисен се предомислил.

Во своето најново излагање Нисен изјави дека Ожие мора да се натпреварува за да остане во кондиција и дека следната сезона на сите релија од WRC ќе вози за волан на Skoda Fabia S2000.

И Нисен и Ожие гледаат екстремно позитивно на оваа заедничка соработка и наведуваат дека доколку развојот на Polo R WRC оди добро можно е автомобилот да се појави на патеките на последните релија од сезоната.

Првиот настап на Ожие во боите на тимот на Volkswagen ќе биде на првиот викенд од следниот месец кога во Дизелдорф ќе вози на Трката на шампиони.

Во меѓувреме стана јасно дека виновник за влегувањето на Ожие во тимот на VW е легендарниот Карлос Сајнц којшто е советник на одделот за мотоспорт на Volkswagen и е десна рака на Крис Нисен.

„Себастијан Ожие е еден од трите најдобри рели возачи на светот и затоа треба да биде во нашиот тим,” изјави дократниот светски шампион во рели и победникот од релито Дакар минатата година Карлос Сајнц.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook