|
29.06.2009 |
Според статистиката на најголемата интернет страница за
огласување и купо-продажба на користени возила во Европа, Mobile.de, побарувачката на автомобили задвижувани од алтернативни горива и погон осетно паѓа.
Тие наведуваат дека од статистиката за побарувачка на
нивната интернет страница до месец јуни барањето за автомобили кои покрај
бензин возат и на течен нафтен гас, LPG е паднато за 46%.
Што се однесува до автомобилите со хибриден погон тие
имаат уште поголем пад во побарувачката. Mobile.de
вели дека барањето за хибридни автомобили паднало за дури 67% во однос на истиот период лани.
Одиме понатаму. До јуни 2009 побарувачката за
автомобили со електричен погон е падната за 83% во однос на истиот период 2008.
Луѓето задолжени за статистика на интернет страницата на Mobile.de велат дека поради паѓањето на интересот за овие возила паѓаат и нивните
цени, па сега би било вистиснко време да се купи добро очувано парче автомобил кој
вози со алтернативно гориво или погон по ниска цена.
Тие не навлегуваат во причината зошто побарувачката за
наведените автомобили драстично опаѓа. Се претпоставува дека попуштањето на
рецесијата е главниот виновник но ова се претпоставки, а не заклучок.
Затоа аналитичарите од Mobile.de не
сакаат да одат во заклучоци кои не се поткрепени со докази и се задржуваат само
на својата статистика.
|