Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Паѓа продажбата на хибриди во САД
26.01.2009
toyota-prius-1-1.jpgТокму откако почна да владее мислењето дека хибридните автомобили ќе завладеат со пазарот во САД, работите почнаа да се менуваат земајќи радикален тек во спротивна насока.

Преорентирањето на американците кон хибридните автомобили во текот на минатата година кога еден галон бензин се продаваше за близу 4 долари беше логичен след на настаните.

Но, светската финансиска криза, колапсот на автомобилкиот пазар и падот на цената на нафтата на светските берзи драстично ги сменија приликите.

Бројките велат дека драстичниот пад на продажбата на хибриди во втората половина на минатата година условило намалување на продажбата на хибриди за 10% за цела 2008, во однос на 2007.

Лани во САД се продадени 315.761 хибридни автомобили. Toyota која со 75% го држи приматот на пазарот на хибриди забележи пад на продажбата од 12,5% во 2008.

За разлика General Motors лани забележал бум на продажбата на хибриди. Бројката од 5.175 примероци колку што беа продадени во 2007 се искачи на 14.439 во 2008.

Ова пред се се должи на појавата на неколку нови модели на хибриди како Chevrolet Malibu и Tahoe, Cadillac Escalade и GMC Yukon.

Сега со цена на галон бензин од 1,5 долари луѓето не сакаат да плаќаат за поскапите технологии кои штедат гориво. Меѓутоа така не мислат само купувачите во САД. Сличен тренд бележат и продажбата на хибриди во Европа и во Јапонија.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook