Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Pagani со нов супер автомобил
07.03.2008
pagani-zonda-r-acing-1.jpgМалата италијанска мануфактура Pagani која произведува супер спортски авомобили годинава не изложуваше во Женева. Но, во Рagani имаат добра причина за тоа.

Парите што инаку би ги потрошиле за изложување на салонот сега се наменети за нешто друго и многу повредно. Pagani во моментов развива нов супер спортски автомобил кој за сега е познат под кодно име С9.

Плановите се С9 да биде претставен некаде во текот на 2009, а заедно со него во Pagani ќе биде отворен и нов погон потребен за помасовно производство. Целта е да се одговори на зголемената побарувачка и да се покрие глобалниот пазар.

Паралелно со стартот на производството на С9 ќе заврши животниот век на Zonda бидејќи испорачувачот на моќниот 7.3 литарски V12, AMG ќе престане да го склопува за отприлика една година од сега. Тоа значи дека С9 ќе ја замени Zonda и ќе биде задвижуван од нов V8, а бидејќи производството на 7.3 литарецот во AMG завршува за 12 месеци од сега се очекува С9 да доживее светска премиера токму во Женева 2009.

Новиот погон пак би требало да ја зголеми продукцијата од сегашните 16 автомобили годишно на завидна бројка за Pagani од 60 единици. Се очекува С9 да се произведува и со волан од десна страна за да ги задоволи пазарите како што се Велика Британија, Јапонија, Австралија...

Секако на фотографиите, всушност станува збор за цртежи потпишани лично од Хорацио Пагани, не е претставен С9 туку последната верзија на веќе легендарната Zonda наменета за тркачка патека и едноставно именувана како Zonda R.

Согласно со намената моќноста на постоечкиот V12 е зголемена на максимални 750 коњски сили, а Zonda R ќе биде произведена во лимитирана серија од само десет автомобили. Цената непозната.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook