Љубителите на екстремната италијанската егзотика повторно
доаѓаат на свое откако по претставувањето на Zonda Cinque пред
неполн месец, Pagani одлучи да ја претстави и отворената верзија Cinque Roadster.
Pagani
Zonda Cinque е смирена верзија на тркачкиот болид Zonda R со 750 КС
наменета за секој дневна употреба. И додека Zonda R беше произведена во ограничена серија од само 10 примероци по цена од примерок
1.2 милиони евра Cinque (пет на инталијански) како што вели самото име ќе се произведе во само
5 примероци. Исто важи и за Cinque
Roadster.
Сепак, бидејќи е наменет за секој дневно уживање во
возењето Pagani ја смалува моќноста на 7.3 литарскиот V12 кој во Zonda Cinque остварува 678 КС и максимален вртежен момент од 780 Nm
доволни за спринт до 200 km/h за само 9,8 секунди или до 100 km/h за 3,4 секунди и максимална брзина од преку 350 Km/h.
Комплетно изработена од карбон-фибер Zonda Cinque тежи само 1.210 kg со што остварува сооднос моќност/тежина од 1,78 килограми на коњска сила.
Интересно е што отворената верзија без оглед на засилувањата
направени на каросеријата од карбон-фибер и титаниум заради отстранувањето на
кровот постигнува иста тежина и исти перформанси. Единствено кај неа максималната
брзина е малку помала, но сепак оди преку 320 km/h.
Без оглед што остварува времиња на тркачки болид Pagani Zonda Cinque и Cinque
Roadster можат да се возат како сосем обичен автомобил
благодарение секвенцијалниот менувач со три модуси на работа и комплетно
поддесивата суспензија.
За безбедните возни карактеристики се грижи специјалниот ABS и
системот за контрола на тракција кои ги испорачува Bosch,
гумите на Prielli од серијата PZero кои стојат на ковани леснометални бандажи од 19х9 инчи напред и 20х12,5
инчи назад.
Страничното забрзување е измерено на 1.45 g со
гуми за на пат, додека сопирањето од 200 km/h за само 4,3 секунди и од 100 km/h за 3,1 секунди со помош на карбон-керамички дискови на Brembo.
Што се однесува до цената еден
од петте сопственици за Pagani
Zonda Cinque ќе мора да издвои 800.000 евра, додека Pagani Zonda Cinque Roadster е поскап и неговата цена е заокружена на 1.3 милиони евра.
|