Get Adobe Flash player
Pagani Zonda R со 750 КС
09.07.2007
pagani_zonda_rPagani потврди дека Zonda R со 750 КС наменета за тркачките патеки ќе стартува со производство, но само 10 автомобили ќе го здогледаат светлото на денот.

Шест купуваче веќе оставија депозит за автомобилот ривал на Ferrari FXX кој ќе чини 1.2 милиони евра. Првите испорачки треба да стартуваат во март 2008.

Цртежите на концептот откриваат голема сличност со верзијата C12, но се очекува дека заеднички ќе им бидиат само 10 проценти од деловите. Zonda R ќе има поголемо меѓуоскино растојание за 394 mm, а ќе биде проширена и тргата за 50 mm.

Аеродинамиката на автомобилот е подобрена благодарение на поголемиот заден дифузор и поголемото крило направени од карбон. Моќните 750 коњи повторно доаѓаат од Mercedes – AMG односно од дериват на моторот што работи во тркачот CLK GTR.

Во исто време Pagani ќе се пресели во нов производствен објект со поголем капацитет кој ќе го подигне производството на 60 единици годишно наспроти сегашните 16.

Преселбата е неопходна заради остварување на плановите за производство на сосема нов модел C9 кој ќе се појави во 2009.

 

 

 

Facebook