Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Pagani Zonda Uno
16.06.2010

Станува збор за уникатен примерок на Pagani Zonda кој за да ја нагласи својата единственост е наречен Uno и е изработен по специјална порачка за еден член од кралството семејство на Арапскиот Емират, Катар.

pagani-zonda-uno-2010-1

Од Pagani молчат и истакнуваат дека по никоја цена нема да го наведат името на нарачателот на Zonda Uno. Исто така наведуваат и дека сумата платена за овој уникатен модел ќе остане тајна на компанијата.

Според информациите Zonda Uno е создаден на основата на ултимативниот Zonda R и носи дизајнерски елементи од специјалната серија на Zonda наречена Cinque за која веќе пишувавме.

Каросеријата на Zonda Uno во голема мерка носи елементи од карбон-фибер, а највпечатливи детали се изведбата на задниот дел во форма на дифузор, огромното крило чив агол може де се поддесува и всисникот за воздух кој штрчи над куполата на кабината.

Централно во шасијата се вели дека е сместен атмосферскиот V12 кој е задолжен да ја задвижува и Zonda Cinque и пакува 678 КС од 7.3 литри зафатнина доволни за да се фати темпо 100 за 3,4 секунди и максимални преку 350 km/h.

Но, обаа изведна на моторот не е нешто што би очекувало во еден уникатен модел. Затоа се претпоставува дека анонимниот нарачател посакал помоќен мотор па така постои веројатност дека снагата на 7.3 литарецот е подигната на 750 КС како во Zonda R и нуди уште побесни перформанси.

Колку анонимниот член на кралското семејство на Катар издвоил за ова единствено задоволство исто така останува вечна тајна.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook