Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Пајтонот на Volkswagen стартува освежен
28.05.2007
db2007au00277_smallVolkswagen му направи благ фејслифт на својот знаменосец Phaeton. Новитети се почист основен дизел, разни помошни системи и мали измени во изгледот.


Втората генерација на шестцилиндарскиот TDI во Phaeton сега развива 233 КС, што е за осум коњски сили повеќе од сега. Максималниот вртежен момент е 450 Nm. Со подосвежениот V6 лимузината стартува до темпо 100 за 8,4 секунди и постигнува крајна брзина од 236 километри на час. Просечната потрошувачка е 9,6 литри на 100 километри. Новитет е што моторот сега ја исполнува нормата Euro 5.

Новите лимузини однадвор се препознаваат по хромираните лајсни во предниот браник и во новата форма на биксенонските предни светла. Тука се впечатливи новото дневно светло за возење со ЛЕД техника и светлото за свијоци. Системите што за прв пат се користат во Phaeton се адаптивниот темпомат со функција Follow to Stop, системот за скратување на патот на сопирање Front Assist, системот за предупредување при промена на лента Side Assist и автоматско активирање на собореното светло при брзо возење по автопат и по дожд.

Покрај тоа Phaeton доби понапреден систем за навигација со ДВД со бројни нови функции и модифициран систем за забава, како и телефон со bluetooth и команда со говор.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook