Набрзо ќе може да додадеме ново возило на растечкиот
список на супер спортски автомобили со електричен мотор. Станува збор за
американскиот хибриден спортиста Palumbo М80.
Овој лут двосед со средишно поставен мотор почива на
просторна шасија направена од алуминиумска легура зајакната со композитни
материјали.
Иако сеуште е во фаза на развој конструкторите ветуваат
дека автомобилот ќе го задвижуваат 350 коњи кои моќта до асфалтот ќе ја
испраќаат преку CVT менувач спрегнат со задните тркала.
Електричен мотор врзан слично како кај Lexus
GS450h ќе асистира во ситуации при поголеми оптоварувања.
Вкупната тежина на автомобилот ќе биде помала од 1.000
килограми, што значи дека М80 лесно би можел да забрза до темпо 100 за 3,9 секунди,
а 400 метри од место би ги совладал за 11,9 секунди.
М80 е креација на Џои Палумбо, способен да направи
спортски автомобил кого слободно можете да го одвезете на тркачка патека и да
се натпреварувате против Ferrari или Porsche, а потоа да си кинисате дома без
потреба патем да застанете на бензинска пумпа.
Дизјаниран како спортски автомобил за секој ден М80 нуди ABS
за четирите вентилирани и бушени диск сопирачки, големи колку тркало на помал
автомобил и најважното потрошувачка од само 5,1 литар.
|