|
Одговорните од Цуфенхаузен се согласија спортскиот седан Panamera да го продолжи патот на успехот, посебно на пазарот во САД со вградување на паралелен хибриден погон.

Panamera Hybrid како што ќе гласи полното име на автомобилот ќе го носи истиот хибриден систем познат од втората генерација на Porsche Cayenne и на неговиот брат близнак Volkswagen Touareg исто така од втората генерација.
Тоа значи дека хибридната Panamera ќе ја задвижува турбо бензинецот 3.3 TFSI со шест цилиндри во V распоред и 333 КС кој е спарен со електричен мотор со моќност од 47 КС.
Заедничката моќност на моторите е пресметана на 380 КС, а максималниот вртежен момент е мрсни 580 Nm при невероајтно ниски 1.000 врт/мин. Секако со оваа снага од Panamera се очекуваат подобри перформанси од двата теренци.
Погонот ќе биде на четири тркала преку автоматски менувач со осум степени на пренос, а паралелниот хибриден систем со посебна спојка способна да го одвои двата агрегати овозможува автомобилот да вози: само со електромотор, само со бензински мотор, или, да ги спрегне двата мотори.
Panamera ќе биде вториот модел во понудата на Porsche со хибриден погон, а трет модел во групацијата VW. Од Цуфенхаузен најавија и целосно електричен автомобил во облик на Boxter.
Развојот на електромобилот е веќе во тек, а првите тестирања ќе започнат во 2011 кога стартува и продажбата на Panamera Hybrid.
|