Get Adobe Flash player
Panamera е најпродаван Porsche во САД
13.05.2010

Статистиката е здодевна но корисна работа. Истата вели дека минатиот месец на пазарот во САД купето со четири врати Porsche Panamera стана најпродаваниот модел на производителот од Цуфенхаузен.

porsche-panamera-2010-1

Porsche Panamera во месец април достигна највисока бројка на продадени примероци од од стартот на официјалната продажба во октомври 2009. Имено за малку повеќе од 6 месеци Porsche продаде 3.410 примероци од Рanamera во САД.

Вкупната продажба на Porsche во месец април изнесувала 1.747 примероци од кои дури 678 и припаднале на Panamera повеќе од една третина.

Понатаму во САД продадени се 218 примероци на Boxter - раст од 28% во однос на април 2009, 135 примероци од Cayman или +3% во однос на 2009, 389 примероци од 911 или пад од 42% во однос на април 2009 и 326 примероци од прeтходната генерација на Cayenne што е пад од 63%.

Евидентно е дека најголем пад во продажбата бележи Сayenne, но лошата продажба на еден стар модел е нормална работа во очекување на новата генерација која треба да се појави на пазарот во САД во јули.

Очигледно е дека ниту последните проблеми со предните седишта на Рanamera не успеаја да влијаат врз успехот што спортскиот седан на Porsche го ниже на пазарот во САД.

 

 

 

Facebook