|
17.01.2012 |
|
Членот на нашето познато R&B дуо ДНК, Панчо на почетокот на годината стана заштитно лице на Nissan потпишувајќи договор со Automotive Group застапникот за Dacia, Nissan и Renault во Македонија.

Така после Тони Зен и Dj Shorty P, или Панчо, стана дел од семејството на Automotive Group. „Огромна чест и задоволство ми е што сум првото заштитно лице на Nissan во Македонија. Мојот нов Juke е возило кое навистина ме маѓепса на прв поглед.”
„Неговиот футуристички дизајн е сосема поразличен од сето она што сме навикнати да го гледаме низ градските улици и тоа беше само дел од нештата со кои несекојдневниот убавец ги исполни моите барања,” заврши тој.
Силниот настап на Панчо и на Андреј на македонската сцена не сопира ниту по десет години активна работа која е крунисана со голем врој синглови, видео спотови и концерт како што беше оној во Метрополис Арена со седумилјадна публика.
За годинава тие се подготвуваат за уште еден ваков настан. Несекојдневен R&B анплагд концерт којшто ќе се одрижи во Универзална Сала во Скопје на 29 септември.
|