|
25.06.2007 |
Историскиот Panhard треба да биде
ревитализиран од сопствениците Peugeot и Citroén кои сакаат да создадат луксузна марка кој ќе им се
спротивстави на Audi, BMW, Lexus и Mercedes.
Стартезите во PSA која е сопственик
на името Panhard откако Citroén го купи во 1965 сериозно размислуваат за враќање на
луксузната француска марка на пазарот.
Кристијан Штрајф новиот извршен директор на PSA ги најави
своите намери за зголемување на квалитетот и посакуваноста на производите од
компанијата. Па така нов знаменосец се чини како добар начин да се постигнат
зацртаните цели.
Panhard е еден од пионерите во автомобилската индустрија во 19
век, а подоцна по првата светска војна ги конструираше некои од најудобните,
најнапредните и најскапите автомобили претворајќи ја марката во синоним за
престиж.
Но, француската луксузна марка стана реликвија до
шеесетите и Panhard престана со производство откако беше купен од Citroén
во 1965.
|