|
12.06.2007 |
Ferrari гради парк што ќе претставува ултимативно доживување за сите љубители на автомобилизмот - Ferrati Theme Park ќе се отвори на островот Јас во 2009 година, во близина на Абу Даби.
Проектот вреден 40 милиони американски долари ќе нуди секаков вид доживување, од вртоглави тобогани, картинзи, реалистични тркачки симулатори, школо за тркачи, симулатор за g-force со кого ќе може да се почувствуваат силите што ги доживуваат тркачите.
Покрај тоа што ќе нуди вистинска забава за автомобилистите, паркот ќе носи и големи економски придобивки за Абу Даби, кој се обидува да ја намали економската зависност од бизнисот со нафтата.
|