|
Ден подоцна по откривањето на скиците за патентирање на новата Jetta Coupe од бирото за заштита на патенти на САД се појавија нови скици, но сега на новата генерација на Chevrolet Aveo.

Новата генерација на хечбекот и на седанот кои ќе го носат името Aveo е најавена како моделска година 2012 што значи дека појавувањето на пазарот не треба да се очекува пред средината на следната година.
Chevrolet веќе ги најави новите модели уште на почетокот на годината. На салонот во Детроит беше претставен Aveo RS како концепт на спортската верзија на следната генерација на Aveo.
Дека дизајнерските смерници на концептот се тесно следени докажува скицата на хечбекот со пет врати. Иако автомобилот не делува агресивно како Aveo RS сепак задржани се предните светла, маска, браник, кваката на задната врата...
Сличен е и дизајнот на седанот кого за првпат кон крајот на месец февруари годинава на затворена презентација за своите менаџери го претстави шефот на General Motors Боб Луц.
Сепак, седанот нуди значително поконвенционален дизајн настојувајќи кон себе да ги привлече фамилијарните луѓе на кои им се потребни комфор, простор, искористливост, голем багажник и слично.
Според планот на General Motors, Chevrolet треба да ги претстави двете верзии на Aveo на есен на претстојниот салон за автомобили во Париз. Но, како што истакнавме комерцијализацијата во Европа ќе стартува кон средина 2011.
|