|
10.10.2007 |
Прашање на време е кога амбициозните кинески
производители на автомобили масовно ќе почнат да извезуваат во Европа и во САД
и покрај тоа што во моментов се маргинализирани.
Поголеми планови за експорт на автомобили на стариот и
новиот континент нема. Но, доказ за нивната инвазија е настапот на салонот во
Детроит на дури пет производители.
Ова е најголемата бројка на кинески автокомпании што се
појавиле на една олку важна изложба.
Changfeng Motor Group и Geely
International Corporation ќе насташат по втор пат на Северно американското шоу кое
се одржува во јануари, додека BYD Auto Co., China America Cooperative Automotive и Li
Shi Guang Ming Auto ќе се најдат во Детроит за прв пат.
Од новата тројка BYD Auto е единствен
што се подготвува за масовно освојување на овие пазари. Знаменосец би требало
да биде автомобил од високата класа, прикажан на фотографијата, чија сличност
со Kласа S на Mercedes e евидентна.
Изненадување е што во Детроит нема да се појави Chery и покрај
соработката со американскиот Chrysler.
За жал на салонот нема да се појават Shanguan кои
успеаја да ги клонираат Х5 и Smart за да ги претстават во Франкфурт под имињата CEO
SUV и Noble.
|