|
10.06.2007 |
Toyota Prius и натаму предводи на листата на најеколошки автомобили - но и таа не ја постигна најдобрата оцена од пет ѕвездички на тестот на автомобилскиот клуб ADAC.
Автомобилските производители мора уште да работат на заштитата на животната средина, така велат експертите. На екотестот на ADAC за 2007 година ниту едно од тестираните возила не ја постигна највисоката оцена од пет ѕвездички.
Исто како досега, на првото место од околу 200 возила е Toyota Prius со четири ѕвездички. Најдобро возило што првпат се појавува на екотестот е Skoda Octavia Combi RS TDI со филтер за честички, која во генералниот пласман е на четврто место. Второто и третото место се за Volvo V70 2.4 Bi-Fuel CNG и Honda Civic 1.3i DSi Hybrid.
Огромни подобрувања се постигнаа кај возилата со дизел мотор, па така меѓу автомобилите со четири ѕвездички само има само два бензинца и Opel Zafira, со погон на земјен гас.
За проверката на еколошката погодност на автомобилите ADAC ја мери емисијата на штетни материи зависно од класата на возилото. Врз резултатот влијае и потрошувачката на гориво. Екотестот е развиен во соработка со FIA Foundation и од 2003 година ги мери еколошките својства на автомобилите.
|