Get Adobe Flash player

Peugeot 206 постави нов рекорд
23.04.2007
peugeot206_ccНа 19 април Peugeot 206 заврте уште едно милионче и со тоа постави нов рекорд на најпродаван модел на француската марка. Честито!

Шестмилионитотопарче од 206 е произведено во Кина. Таму моделот 206 се нуди во лимузинска изведба од јануари минатата година. Моделот што почна да се произведува во 1998 година во моментов се произведува на шест различни локации низ светот.

Само во минатата година 84 проценти од произведените примероци на Peugeot 206 се продадоа надвор од Франција. По домашниот пазар, во 2006 следни најголеми пазари за лавчето се Британија, Италија, Шпанија и Германија. За големиот пазарен успех придонесе и моделот 206 CC, кој напиша историја како прв купе-кабрио во класата со преклоплив покрив што се спушта со хидраулика. Од СС се произведени 370.000 парчиња. Еден куриозитет: преку четвртина од овие купе-кабриолети се продадени на германскиот пазар.

 
Get Adobe Flash player