|
17.12.2007 |
Фамилијата на Peugeot 207 добива нов член во
вид на SW Outdoor кој привлекува со ликот на еден
теренец поради подигната суспензија и заштитата на арките на тркалата со црна
пластика.
207 SW Outdoor и покрај ликот на теренец сепак, доаѓа
со погон на предни тркала, но поради подигнатата каросерија напред за 16
милиметри и назад за 21 милиметер сигурно ќе му биде полесно да ги совладува
малите пречки.
Автомобилот има стакле кров во полн формат, електрика на
стакла, затемнети стакла, патосници што лесно се мијат и сиво-црна внатрешност.
Од моторите на располагање се 1.6 литарските бензин и
дизел кои треба да го стават рамо до рамо со главниот конкурент, Skoda
Fabia Scout, кој се очекува на пазарот во 2008.
 
|