Get Adobe Flash player
Peugeot 3008 официјални фотографии
15.01.2009
peugeot-3008-1.jpgРаботата на Peugeot на својот нов кросовер 3008 редовно беше набљудувана од страна на ловците на фотографии , но и од дизајнерите кои имаа своја визија за автомобилот.

Peugeot го најави конечниот лик на 3008, на салонот во Париз со претставувањето на концептот Prologue HYmotion. Како што се претпоставуваше серискиот модел не отскокнува многу од дизајнот претставен со Prologue.

3008 е поставен на платформата на популарниот 308 што значи дека ќе ги задржи истите моторите и менувачите. Peugeot и за во 3008 го најавува одличниот бензинец до 1.6 литри произлезен од соработка меѓу PSA и BMW.

Моторот ќе го има во две верзии атмосферска со 120 КС и подпомогнат од турбо натполнење и максимална моќност од 150 КС. На располагање ќе биде и 1.6 литарскиот турбо дизел HDI со 110 КС, а врвот од понудата е биде резервиран за 2.0 литарскиот HDI со 163 коњски сили.

Peugeot 3008 нема да остане само со класичен погон. Хибридната верзија која ќе ја носи технологијата претставена во Prologue HYmotion ќе пристигне на пазарот во 2011.

Планот е 3008 на купувачите покрај очигледната практичност да им понуди и елементи на премиум автомобил. Стаклениот кров познат од 308 SW, хедап дисплеј, електричната рачна сопирачка, системот за поаѓање на нагорнина, електронската контрола на стабилност се тука за да ги задоволат и најпребирливите купувачи.

Премиерата на 3008 е закажана за салонот во Женева во март, а комерцијализацијата треба да стартува на есен. Цената ќе се знае непосредно пред стартот на продажбата.

Наскоро од Peugeot се очекуваат попрецизни детали за 3008.


 

 

 

Facebook