Својот спортист од компактната класа 308 GT, Peugeot
планира да го претстави на претстојниот салон во Женева. Но, со своите 175
коњски сили автомобилов е далеку од жежок спортист.
Под предната хауба работи познатиот 1.6 литарски турбо
бензинец познат од 207 GTi, а со најавените само 175 коњи далеку е од жежок компакт
и попрво би го заслужил името знаменосец во гамата на 308.
Мора да се согласиме со ова бидејќи навистина жешките
спортисти од оваа класа располагаат со 200 + коњски сили и токму затоа 308 GT може да се
смета вовед во она што би уследило понатаму од спортскиот оддел на Peugeot.
Моќноста до предните тркала се пренесува преку шест
степен мануелен менувач кој со распоредот на преносните односи вади максимум од
турбо бензинецот и неговите 175 КС при 6.000 вртежи и вртежен момент од 265 Nm при 1.600
вртежи.
Забрзувањето до 100 km/h изнесува
8,3 секунди и трае се до максимлани 225 km/h и бидејќи
моторот не е некој растрошен дволитарец просечната потрошувачка не преоѓа 6,3
литри на 100 километри.
Однадвoр GT изгледа многу позастрашувачки од обичниот 308 со нов
преден браник, заден спојлер и спуштена каросерија. Суспензијата е поцврста и
нуди поголема стабилност и прецизност при водењето низ свијоци.
Внатре се забележуваат елементи како алуминуимска рачка
од менувачот, исто такви педали, посебно скроен волан и бела подлога на иснтрументите. Се очекува 308 GT да
пристигне на пазарот некаде во април кога ќе бидат познати цената и целосната
спецификација и технички детали.
|