Еден Peugeot 308 HDI кој патувал 25 дена низ Австралија
успеа да влезе во Гинисовата книга на рекорди поставувајќи два рекорди за
автомобил со најниска потрошува во земјата на кенгурите.
Рекордите се однесуваат на две категории кои важат таму
долу „Round Australia Diesel Economy Record” и „Round
Australia World Fuel Economy Record”, a нив ги постави брачната двојка Џон и
Хелен Тејлор.
Дизелскиот 308 за 25 дена мина вкупно 14.580 километри
или во просек по неверојатно 1.919 километри со еден резервоар кој собира 60
литри. Кога овие бројки ќе се претворат во l/100km излегува
дека 308 HDI во просек трошел 3,13 литри и во атмосферата испуштал по
90,3 g/km СО2.
И пред некој да си помисли дека станува збор за посебно
подготвен автомобил ќе мораме да пресечеме. Имено се работи за сосем обичен 308
со 1.6 литарски HDI кој оставрува 109 КС и вртежен момент од 240 Nm за кого
производителот наведува просечна потрочувачка од 4,8 литри и емисија на СО2 од 130 g/km.
Во автомобиолот се возеле само двајца патници односно
брачниот пар Тејлор, плус два големи куфери во кои биле сместени алиштата за 25
дена долгото патување и ситници потребни за на пат.
Е сега кога имаме вакви бројки за потрошувачката на 308 1.6
HDI се поставува прашањето: Колкава ли ќе беше потрочувачката доколку во PSA продолжеа
со развојот на својот дизел-хибрид во кого покрај електромоторот ќе работеше
токму овој 1.6 HDI?
|