Претставен минатата година на салонот во Франкфурт како
концепт, 308 RC Z и неговиот агресивен дизајн ги освоија љубителите и ги
застрашија конкурентите, пред се Audi и неговиот ТТ.
Сепак, никој неможеше ниту да претпостави дека купето на Peugeot не е само
обичен концепт, туку автомобил кој ќе влезе во серија, а како место за деби
пред светската јавност повторно ќе биде салонот во Франкфурт во 2009. Гласините
станаа стварност.
Еден од главните поддржувачи на проектот 308 RC Z е новиот
извршен директор на Peugeot, Кристијан Штриеф кој исто така открива дека првите
клиенти на Peugeot ќе можат да седнат зад воланот на купето некаде на
почеток од 2010.
Очекувањата се дека дизјанот нема да претрпи големи
измени. Па така можат да се очекуваат набабрените браници, кров од карбон-фибер
со жлеб на средина кој продолжува во задното стакло и необоените и полирани
алуминиумски носачи кои го формираат и поддржуваат кровот.
Под хаубата ќе работи познатиот 1.6 литарски бензинец со
турбо полнач кој веќе е познат од 207 GT и 308 GT, но за
разлика од нивните 170 КС во 308 RC Z овој мотор ќе остварува сериозни 218 коњски сили доволни
за да си поигруваат со олеснетата каросерија.
Очекувањата се дека 308 RC Z ќе внесе
свеж ветар во гамата на Peugeot и ќе и помогне на
марката да тргне во освојување на нова генерација од верни купувачи, пред се од
помладата генерација, исто како што на почетокот од `80. тоа го стори
легендарниот и непрежален 205 GTI.
Неговта цена како што напишавнме претходно околу 23.000
евра.
|