|
26.02.2008 |
По претставувањето на возбудливото купе 308 RC Z на салонот
во Франкфурт, Peugeot одлучи да молчи околу можноста за сериско производство.
Сето ова ја наведе светската јавност да помисли дека
станува збор за уште еден концепт кој брзо ќе биде заборавен, бидејќи сериското
производство на еден ваков агресивен модел од гамата на 308 би било премногу
сложено и скапо.
Но, во Peugeot продлжија со својот молк и се оградија од било какви
коментари се додека не дојде вистинскиот момент. А тоа е салонот во Женева каде
ќе бидат најавени плановите за сериско производство на купето 308 RC Z.
Изворот, поточно новиот шеф на Peugeot, Кристијан
Штриеф истакна дека е возбуден околу појавувањето на новиот автомобил и се надева дека
комерцијализацијата ќе се случи следната година.
Подеднакво како концептот и серискиот автомобил ќе има
олеснета шасија која ќе тежи едвај 1.200 килограми, а под хаубата ќе работи 1.6
литарскиот турбо бензинец кој ќе остварува околу 218 коњски сили.
Интересно е што шефот на Peugeot ја најавува
и цената од околу 23.000 евра.
|