|
Фамата која се крена за наследникот на Peugeot 407 во која се најавуваа можните сценарија за дизајнот полека се смирува, а резултатот ниту од далеку нема да им се допадне на европските купувачи.

Причината лежи во фактот дека Peugeot го подготвува 408 за да биде пласиран на пазарите во Азија, а пред се во Кина каде што и ќе се произведува. Од PSA Peugeot Citroen ја смируваат топката велејќи дека евентуално моделот ќе се појави и во Европа.
Но, нема да се произведува во европските погони, туку во Европа ќе пристигнува директно од Кина. Дополнително, 408 нема да биде замена за актуелниот 407. Peugeot 408 ќе биде позициониран под сегашниот седан нa Peugeot, моделот 407, а за во Кина ќе биде позициониран над актуелниот седан на 307.
Секако производството на 408 во Кина нема да биде прв обид на PSA да произведува автомобили во најборјната држава на светот. Праксата почна пред десетина години кога во Кина стартуваше производството на моделите на Peugeot 504 и 505.
Денес PSA е здружена со кинеската компанија Dohgfeng и во погоните во Кина се прoизведуваат седаните Citroen C-Triomphe – направен на основата на Citroen C4 и Peugeot 307 Sedan. Понатаму Dongfeng ја произведува модификацијата на Peugeot 206 која во Кина се нуди како Citroen С2.
Конкретни податоци за Peugeot 408 сеуште нема. Не е јасно ниту дали автомобилот ќе биде поставен на платформата на актуелниот Citroen C5, или пак, ќе биде поставен на продолжена платформа на актуелниот Peugeot 308.
Се знае дека за пазарот во Кина Peugeot 408 ќе ја носи целата палета на мотори кои работата во актуелниот Citroen C5. Интересно е што за пазарот во Кина Peugeot во 408 ќе го вградува менувачот со две спојки SST кого PSA го позајмува од Mitsubishi Outlander за во клонираните 4007 и C-Crosser.
Премиерата на 408 во Кина е закажана за отприлка еден месец од сега, додека европската премиера ќе биде на салонот во Женева во март. Продажбата во Кина стартува на почетокот од 2010, додека во Европа треба да пристигне во втората половина на следната година.
|