Get Adobe Flash player
Peugeot 5008 официјално
02.06.2009
peugeot-5008-1.jpgPeugeot 5008 е новиот пулен на францускиот производител во сегментот на мини ванови од средна класа каде веќе орбитираат Opel Zafira, која наскоро очекува наследник и секако домашниот ривал Renault Scenic.

Светската премиера на Peugeot 5008 ќе биде на салонот во Франкфурт, но исто како и со 3008 во Peugeot одлучија порано да го претстават автомобилот пред светската јавност со официјални детали и фотографии.

Peugeot 5008 e планиран за превоз на седум патници распоредени во три реда, во поединчени седишта, во комбинација 2+3+2. Максималниот комфор е постигнат на должина од 4.53 m и висина од 1.64 m и тоа без да настрада багажникот.

Волуменот на бункерот кој се сокрива зад вториот ред седишта и под полицата варира од 728 до 823 литри. Разликата на волуменот се постигнува благодарение на можноста за лизгање на вториот ред седишта кои се поместуваат за 130 mm.

Со отстранување на полицата и во колку багажникот на 5008 се наполни до врв тогаш зафатнината мери 1.247 литри, а со преклопување на вториот ред на седишта волуменот се зголемува на максимални 2.506 литри.

Чувството за пространост дополнително е нагласено со огромното предно стакло со површина од 1.70 m2 кое продолжува во панорамски кров со површина од 1.69 m2 едно од најголемите во гамата на Peugeot.

Дизајнот на арматурата, централната конзола и инструментите е идентичен со тој на Peugeot 3008. Еден ваков потег на Peugeot не треба да изненадува бидејќи 5008 му припаѓа на семејството на 308, како и 3008 и 308 SW, односно се произведува на истата, но модификувана и продолжена платформа.

Како и кај останатите MPV на Peugeot така и кај 5008 акцентот е поставен на практичноста. Место за оставање на ситници има многу, седиштата можат да се преклопуваат, лизгаат, отстрануваат со што се добива соодветна комбинација која ги задоволува дури и најпребирливите.

Комфорот при патување го подобруваат квалитетните материјали избрани за во кабината кои минуваат во сферата на луксузните автомобили, богатството од опрема каде се вклучени и head-up дисплеј, аудио и видео систем со монитори вградени во потпирачите за глава, видео конзола со DVD која поддржува игри и две безжични, поточно Bluetooth слушалки, USB приклучок.

Аудиофилите ќе можат дополнително да уживаат во опцијата што се нуди со потписот на JBL со шест звучници и вуфер кои снагата ја добиваат од појачало со моќност од 240 W.

Дополнително заслужна за комфорот на патниците и за ниската потрошувачка е одличната аеродинамика. Коефициентот на отпор на воздух кај 5008 изнесува Cd 0.29 што е одличен резултат меѓу вановите.

Безбедноста покрај head-up дизплејот ја поткреваат системите како Distance alert кој со радарот вграден во предниот браник му помага на возачот секогаш да одржува безбедно растојание од возилата пред себе. Тука е и новиот систем Show Motion.

Станува збор за интелигентна контрола на тракција која се надоврзува на традиционалниот електронски систем за контрола на тракцијата ASR и на електронската програма за стабилност ESP и му овозможува на возачот полесно да се справува на снег и замрзнати патишта.

Моторите што ќе го задвижуваат 5008 се познати од гамата 308. Станува збор за одличните атмосферски и трубо бензинци од 1.6 литри развиени во соработка со BMW.

Стартот од понудата е загарантиран за 1.6 VTi со 120 КС со просечна потрошувачка од 7.3 l/100 km и емисија на СО2 од 169 g/km. Турбото остварува 156 КС, во просек троши 7.1 l/100 km и има емисија на СО2 од 167 g/km.

Дизелската понуда ја сочинуваат 1.6 HDI со 110 КС и просечна потрошувачка од 5.2 l/100 km и 2.0 HDI со 150 КС во верзијата со мануелен менувач и 163 КС во верзијата со автоматски менувач. Со него 5008 троши 5.8 l/100 km, односно 6.8 l/100 km.

Комерцијализацијата на Peugeot 5008 на европскиот пазар треба да стартува веднаш по премиерата во Франкфурт.

 

 

 

 

Facebook