Get Adobe Flash player

Peugeot 504 пристигнува
03.07.2008
peugeot-504-1.jpgНеприкосновен стил, оживување на една икона, наречето го како сакате. Новиот Peugeot 504 нуди неповторлив стил кој се потпира на богатото наследство на францускиот производител.

Цртежот на новиот Peugeot 504 го претставува новиот шеф на дизајн во Peugeot, Џером Галикс. Тој во интервју за Auto Bild истакнува дека ќе го искористи наследството на компанијата за да створи комплетно нов имиџ за Peugeot, а стартот ќе биде со луксузното купе 504.

Сеуште нема информација кога купето би се појавило на пазарот, но според Галикс изгледот на серискиот автомобил многу малку ќе се разикува од она што е прикажано на цртежот.

Јасно е дека лутиот нос и флуидната странична линија се инспирирани од неговиот претходник предочувајќи дека и наследникот ќе биде подеднакво добар заводник.

За да ја исполни својата задача новото купе најверојатно ќе биде поставено на платформата врз која сега лежи Citroen C5 и нема да биде поголем автомобил од Peugeot 407.

Галикс во своето интервју исто така потврдил дека оживувањето на дизајнот на историските модели на Peugeot нема да заврши со 504. Според него тој е само почеток. Воедно признал дека е вљубен во дизајнот на оригиналниот 204, но и во 205.

Првиот автомобил што е создаден под раководната палка на Галикс е концептот 308 RC Z чија сериска верзија светската премиера ќе ја доживее на салонот во Франкфурт во 2009, а година подоцна ќе се појави на пазарот.

 
Get Adobe Flash player