Опаснава мачка треба да го покаже својот лик на салонот
во Париз. Таа е олицетворение на долго очекуваниот наследник на лимузината 607
и се претпоставува дека ќе ја носи
ознаката 608.
Фотографијата само наговестува што може да се очекува од
стилски надарениот 608. Peugeot ја задржува огромната предна маска која претставува
заштитен знак на марката и носи доза на агресивност.
Очигледно целта е големиот 608 да нуди поагресивен лик
дури и од своите помали браќа. Тоа го докажуваат предните светла чиjа форма носи
далеку посмел дизајн од онаа кај 207 и 308. Тоа и треба да се очекува бидејќи
на 608 му претстои голема пазарна битка.
Тој атакува во сегментот каде што владее големата
германска тројка Mercedes, Audi и BMW и има
причина зошто сака да ги освојува купувачите со дизајн. И покрај
тоа што секогаш се на врвот во сегментот, германските лимузини се стреотип кога
станува збор за дизајн. Тоа секому не му се допаѓа.
Токму тука француската лимузина го гледа својот дел од
колачот. За внатрешноста воопшто не треба ниту да стане збор бидејќи е познато
дека Peugeоt може да направи ентериер кој со квалитет и добра
завршна обработка ќе се носи со престижот што го нудат германците.
Понатаму, високото ниво на опрема која доаѓа сериски е
уште еден плус за 608. Купувачот во автомобилот ќе може да најде се освен
сателитска навигација која нормално доколку сака ќе може да ја доплати.
Peugeot 608 е поставен на истата плаформа на која
веќе лежи Citroen C5. Тоа е најновата голема платформа на PSA
Peugeot Citroen и е развиена да пружи добри возни карактеристики заедно
со исклучителна доза на комфорт традиционално за француските марки.
Акцентот кај 608 е ставен на економичност. Токму затоа
под хаубата ќе работат дизелите HDi,
четирицилиндерците од 2.0 и 2.2 литри и знаменосецот V6 од 2.7
литри. За бензинските агрегати сеуште не се познати детали. Се претпоставува
дека во Peugeot ќе изненадат со новини и на ова поле.
Се очекува во целата гама без оглед на моторот да
се вградува системот старт/стоп со што ќе се намали потрошувачката и емисијата
на издувни гасови, пресудно за задоволување на најавените строги норму од
страна на Европската комисија.
Комерцијализацијата на моделот се очекува да се случи
некаде во 2009, додека цената барем за сега останува непознаница.
|