Peugeot го претстави првиот супер хибрид на светот. Како што
најавивме станува збор за прототип наменет за серијата Леман поставен на
основата на 908 HDI FAP.
Францускиот производител ја искористи последната трка од
годинешната Серија Леман и викендов на патеката во Силверстон го претстави
својот хибриден спортски дизел прв супер автомобил од ваков вид кој е подготвен да се натпреварува.
Суперспортскиот хибрид конструиран во Peugeot
Sport го задвижува дизел потпомогнат со електромотор. Но, ова е само дел од
приказната.
Покрај вградувањето на електромотор 908 HY располага
и со системот за враќање и складирање на кинетичката енергија KERS, а во случајов за враќање и претворање на истата во
електрична енергија, кој од в година ќе се вградува во болидите на Формула 1.
Оваа технологија овозможува дел од кинетичката енергија
која се добива од процесот на сопирање или да се врати назад, односно да се
искористи веднаш, или пак да се складира.
Истата енергија кај автомобилите кои немаат ваков систем,
значи безмалку сите, се расфрла во форма на топлина генерирана од сопирачките
при сопирање.
Но, кога оваа енергија место да се расфрла се употреби, му
овозможува на возилото да ја подобри својата ефикасност на два начини:
- да ги подобри перформансите без да се зголеми
потрошувачката, благодарение на комбинацијата од зачувана кинетичка
енергија со помош на KERS и енергијата произведена од класичниот мотор со
внатрешно согорување.
- да ја намали потрошувачката на гориво за истото ниво на
перформанси, благодарение на зачуваната кинетичка енергија со помош на KERS.
Системот кој го задвижува 908 HY се состои
од три клучни елементи:
1) електромотор-генератор од 60 kW или 81,6
коњски сили кој ја превзема улогата од класичниот електричен стартер и директно
е врзан со менувачот.
2) акумулаторски батерии кои овозможуваат зачувување на
вратената кинетичка енергија во 600 литиум-јонски ќелии поделени во 10
батериски пакувања од кои 6 се сместени на средина во кокпитот на место
на стандардниот акумулатор и четири на левата страна под кокпитот во рамниот под
на возилото.
3) електронски претворач на моќноста поставен во задниот
дел на предното лево крило кој го контролира токот на енергијата меѓу батериите
и електромотор-генератор.
908 HY може да се движи на три начини:
- само електричен модус на работа, предвиден за во питстоп,
- само со моторот со внатрешно согорување - дизелот V12,
- комбинација од двата двигатели.
Но, што значи сето ова во трка или кога возилото на
тренинг се бори за полпозиција. За послесно разбирање на начинот на кој
системот помага додека е на патека во Peugeot
Sport даваат соодветен пример.
Според нив системот е поддесен така да во текот на еден
круг на патеката во Леман ја зачувува енергијата во времетраење од 20 до 30
секунди. Оваа зачувана енергија подоцна може да се искористи за:
1) или континуирано да се испорача екстра моќност благодарение
на потисокот од дополнителните 60 kW во времетраење од 20 секунди по круг - одлучува тимот го активира возачот, или да се користи
автоматскиот модус каде енергијата се испорачува при забрзување – како кај
секој хибрид, или пак, возачот со притискање на копче да ја користи во куси
интервали при престигнување - одлучува возачот.
2) да се намали нивото на потрошувачка за 3% до 5% со
задржување на еквивалентно ниво на перформанси и со тоа да се овозможи подолго
останување на автомобилот на патеката - одлучува тимот.
Говорејќи за 908 HY, директорот
на Peugeot Sport, Мајкл Барџ меѓу другото изјави: „Овој
хибриден 908 HDI FAP е совршен автомобил
за одржување на нашата програма во трките на издржливост, но, во исто време ни
овозможува да го искористиме мотоспортот како алатка за истражување и развој кои
се однесуват генерално и на Peugeot како производител на автомобили.”
„Со учествување во трките на издржливост и развојот на
хибридната HDI FAP технологија ќе стекнеме драгоцено искуство од кое ќе
профитира развојот на сериски автомобили пред се,” дополнува Барџ.
„А дали со оваа технологија ќе се натпреваруваме во 2009
не зависи од нас, ние сме подготвени, туку зависи од регулативите што ќе се
однесуваат на класата LMP1 каде ќе се натпреварува 908 HY, а кои треба да ги
пропише Automobile Club de l’Quest,” заврши Барџ.
Automobile Club de l’Quest или ACO е
регулативно тело на трката 24 часа Леман под чија капа
спаѓа и IMSA – International Motor Sports Association или
Интернационалната асоцијација за мотоспорт организатор на Серијата Леман.
|