|
21.03.2008 |
Евидентно е дека на технолошки план серијата Леман се
доближува до Формула 1. Ова го потврдува и најавата на Peugeot
дека подготвува дизел-хибрид за атак на 24 часовната трка.
Се чини неверојатно, но успесите на дизелскиот тркач Peugeot 908 ги
охрабрија одговорните во компанијата. Тие сега сакаат да ја докажат вредноста
на својот дизелски хибрид кого продолжуваат да го развиваат во сопствена
режија.
Најавата за настап на 24 часовната трка на издржливост
доаѓа директно од извршниот директор на Peugeot, Жан-Филип
Колин кој обзнани дека протип на еден моторен склоп на дизел-хибрид е вграден во
постоечката шасија на 908, а серизоните тестирања стартуваат во текот на
втората половина на годината со цел настап на Леман во 2009.
Во своето интервју за францускиот весник L`Equipe, Колин потврдува
дека 908 дизел-хибрид својот прв настап пред јавноста ќе го има годинава и ќе
извози неколку круга на денот на прес-конференцијата пред стартот на
годинешната трка во Леман која традиционално се вози во јуни.
Колин се надева дека, доколку тестирањата се покажат
успешни, автомобилот своето прво огнено крштевање во трка ќе го има уште
годинава во ноември на трката АСО 1000, трка на издржливост од 1.000 километри која
ќе се вози на патеката во Шангај.
|