Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Peugeot Flux во живо
24.09.2007
peugeot-fluxНе може ниту да се замисли возбудата на дизајнерот Михаил Панаитеску кој на салонот во Франкфурт за првпат ја виде својата креација во природна големина изложена претставена пред цел свет.

Победникот на четвртиот по ред натпревар во дизајн на Peugeot не само што имаше можност да го види своето дело во живо туку доби прилика и да го вози во виртуелна реалност во четвртото продолжение на играта на правена за Xbox 360 Project Gоthеm Racing 4.

Колку за потсетување во Женева од приложените 4.000 проекти, Peugeot го избра Flux за победник на своето четврто по ред натпреварување во дизајн.

Дизајнерите добија задача да создадат коцепт базиран на идеја претставена со акронимот P.L.E.A.S.E. кој стои за Pleasure, Lightweight, Efficiency, Accessibility, Simplicity и Ecology – Задоволство, Мала тежина, Ефикасност, Пристапност, Едноставност и Екологија.

Во Peugeot сватија дека Панаитеску со својот Flux погодил на среде и цртежите ги претворија во вистински концепт и му овозможија да седне зад воланот на своето чедо.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook