Peugeot
ги објави првите официјални фотографии и првите податоци
за модернизираното семејство 207 кое покрај хечбекот со три и со пет врати ги
нуди и купе-кабриолетот CC и комбито 207 SW.
Најголемата визуелна разлика на новиот 207 се воочува кај
предниот браник кој сега има поголема и трапезоидна решетка и нови светла за магла сместени во краевите на браникот.
Одзади измените ги вклучуваат впечатливите светла
кои светат со LED технологија. Ова се однесува само на хечбекот и CC
верзијата. Освен пообилното користење на хром на отворот за воздух други
позначајни измени однадвор нема.
Внатре како што тврдат од Peugeot, патниците ќе уживаат во
рестилизираните материјали кои сега ќе нудат подобар квалитет, а направени
се и ситни стилски доработки. Секако нови се инструментите кои сега личат
помодерно и ја нагласуваат динамиката на моделот.
Опремата подеднакво добива суплементи. Тука е новиот
систем за конекција наречен WIP
Bluetooth, нови се и импулсните трепкачи како и затворањето на
прозорците со далечинско кај хечбекот и SW.
Најголеми измени се направени кај моторите и
аеродинамиката со цел пониска потрошувачка и пониска емисија на издувни гасови
и задоволување на нормите Euro
5.
Пониската потрошувачка се постигнува и со ново вградениот
индикатор за менување на степенот на пренос кај мануелните менувачи.
Индикаторот функционира слично како кај новата генерација на Mitsubishi Colt и го упатува возачот како да вози поштедливо менувајќи ги возачките
навики.
Peugeot
во фамилијата на 207 нуди 12 моторни варијанти со
распон на снагата од 75 КС до 150 КС. Најголема новина е 1.4 литарскиот HDI во
верзијата 207 HDI
FAP 99g кој испорачува 90 КС во просек троши 3,8 L/100 km и има емисија на СО2 од 99 g/km.
Ниската потрошувачка и емисија на СО2 e постигната
со вградување на поефикасен пет степен мануелен менувач со модификувани односи
на степените на пренос и модификуван конечен преносен однос.
Понатаму моторот има специфичен софтвер за управување со
моторот и дополнителн разладувач на гасовите кои
доаѓаат од вентилот за рециркулација на издувните гасови EGR Еxhaust Gas Recirculation.
Моделот 207 HDI
FAP 99g вози 5 mm
поблиску до подлогата од останатите 207 близнаци има
специјален флексибилен преден браник со поголеми странични испакнувања, високо
ефикасни вишмукувачи за воздух, посебен рамен панел постаен под подот на
автомобилот за подобрување на аеродинамиката.
Понатаму носи посебни тркала и гуми со низок отпор на
тркалање и рамен спојлер на задниот дел од кровот.
Стартот на продажбата на обновената фамилија на 207 е
закажан за месец август во Европа.
|