Get Adobe Flash player
Peugeot го претстави 408 во Кина
26.01.2010

Новиот седан на Peugeot којшто е создаден на основата на 308 и на пазарите во Кина и во Латинска Америка треба да го замени седанот 307 беше претставен во Пекинг и ја носи ознаката 408.

dongfeng-peugeot-408-2010-1

Новиот седан на Peugeot е производ добиен од соработката меѓу PSA Peugeot Citroen и партнерoт на француската алијанса во Кина производителот на автомобили Dongfeng.

Peugeot 408 e голем автомобил. Поставен е на продолжена платформа на 308 чие меѓуоскино растојание е развлечено на 2.710 mm. Peugeot 408 во должина мери 4.680 mm, широк е 1.810 mm и висок е 1.520 mm.

Она што купувачите во Кина и на пазарите во Латинска Америка го ценат кај автомобилите, багажникот, во Peugeot 408 има волумен од 562 литри. Поголем е од багажникот на 307 седан и има можност за преклопување на задната клупа со што се зголемува и волуменот и се добива на варијабилност.

На почеток Peugeot 408 ќе се испорачува само со два бензински мотори од 1.6 и 2.0 литри и моќност од 106 КС, односно 147 КС. Моќноста на предни тркала се пренесува преку мануелен или автоматски менувач во зависност од изборот на купувачот кому на располагање му стои и панорамскиот кров.

Dongfeng Peugeot 408 ќе се произведува во фабриката Вухан на Dongfeng во провинцијата Хубеи во Кина, а во плановите на компаниите стои продукција од 100.000 примероци годишно.

Цената на основниот модел на Peugeot 408 во Кина стартува од 17.800 долари.

 

 

 

Facebook