Get Adobe Flash player
Peugeot Prologue HYmotion4
28.10.2008
peugeot-prologue-1.jpgКонцептот на Peugeot, Prologue кого веќе го најавивме пред салонот во Париз им се придружува на фамилијата концепти задвижувани од иновативниот погон на PSA, HYmotion4.

Иако салонот во Париз заврши на 19 октомври, претставените концепти и премиери и понатаму ќе бидат актуелни. Prologue е концепт од кого ќе произлезе компактниот кросовер на Peugeot, 3008 и кој треба да се појави на пазарот во текот на следната година.

Prologue ја користи истата комбинација на агрегати како и Citroen Hypnos . Значи предните тркала ги задвижува 2.0 литарски HDI со 200 коњски сили, додека за задните е ангажиран електромотор од 50 коњски сили.

И, бидејќи Prologue е значително помал и полесен од Hypnos од него се очекуваат уште подобри перформанси. Сепак, потрошувачката и емисијата на CO2 остануваат на исто рамниште: 4,5 L/100 km и 109 g/km.

Покрај високо технолошкиот погон Prologue е коципиран на возачот да му понуди и високо технолошко возачко искуство со вградениот head-up дисплеј, кој информациите ги прикажува на трансперентен панел кој излегува/влегува од/во арматурата, слично како кај авионите ловци.

Местењето е преку копчињата сместени на централната конзола кои наликуваат на команден модул. Всушност една ваква претстава и не е далеку од вистината бидејќи преку нив се манипулира со сателитската навигација, погонот, системот за автоматско одржување на дистанца од возилото пред вас кој постојано ја мери брзината и по потреба ги активира сопирачките.

Prologue е способен да вози само во електричен модус на растојание до 40 km, при просечна градска брзина.

Но, бидејќи се работи за кросовер возачот исто така има опција да комбинира дали ќе вози само со електричен мотор, само со дизел или ќе ги комбинира двата погони во зависност од состојбата на теренот што треба да се совлада кога ќе се симне од асфалт.


 

 

 

Facebook