Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Peugeot Prologue концепт
16.09.2008
peugeot-prologue-1.jpgPeugeot ги објави официјалните детали за својот втор концепт кој ќе биде претставен на салонот во Париз, првиот е мистериозното купе наречено RC за кое веќе пишувавме.

Иако станува збор за концепт, Prologue не е студија која најверојатно никогаш нема да влезе во производните хали како што е RC. Prologue e еден вид пред премиера на најавениот компактен кросовер на Peugeot, 3008 кој се очекува да биде претставен следната година.

Факт, Prologue навистина повеќе личи на сериски автомобил отколку на концепт со дизајнерски елементи карактеристични за целата гама на францускиот производител, а посебно од понудата на актуелните миниван модели или SUV каков што е 4007.

Закосените предни светла, истурениот нос со огромна маска проткаена со хромирана квадратна мрежа која личи како разјапена челуст создаваат призор на грабливец подготвен да го зграпчи пленот.

Освен овие три официјални фотографии Peugeot открива многу малку за својот нов концепт. Единствено што се знае е дека Prologue го задвижува хибриден погон кој остварува вкупна моќност од 200 коњски сили и има емисија на СО2 од само 109 g/km.

Prologue по желба на сопственикот на куси релации може да се вози исклучиво како електричен автомобил, но нема прецизни податоци за автономијата на движење и максималната брзина во електричен модус на работа.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook