Get Adobe Flash player
Peugeot RC HYmotion4 концепт
21.10.2008
peugeot-rc-1.jpgВо Париз, Peugeot ја откpи мистеријата во која беше завиено спортското купе со четири врати RC и на светот му го прикажа својот нов концепт кој го носи хибридниот погон HYmotion4.

Полното име на концептот гласи RC HYmotion4 и според одговорните во Peugeot е конструиран во стил на вистински Grand Turismo кој нуди технолошки и инженерски идеи и новини за кои се очекува во блиска иднина да влезат на голема врата во сериското производство.

RC HYmotion4 е купе создадено во знакот на бројот 4. Тоа значи дека купето има четири врати, четири седишта и погон на четири тркала.

HYmotion4 во RC го сочинува турбо бензинецот 1.6 THP кој остварува 218 коњски сили. Моторот е поставен во задниот дел од автомобилот и преку шест степен автоматски менувач ги задвижува задните тркала.

Да напоменеме дека ова е само една од опциите на мотори предвидени за RC.

Вториот агрегат е што работи во RC HYmotion4 е електромотор со моќност од 95 коњски сили кој е поставен напред и ги задвижува предните тркала.

Заедно двата мотори остваруваат максимална моќност од 313 коњски сили кои се доволни да го катапултираат RC HYmotion4 до 100 km/h за 4,4 секунди, додека забрзувањето од 80 – 120 km/h изнесува минорни 3,0 секунди.

Просечната потрошувачка изнесува 4,5 L/100 km, исто како кај Hypnos, но тука станува збор за бензин, додека емисијата на СО2 е ниски 109 g/km. Воедно RC HYmotion4 е способен да вози само во електричен модус, но на куси релации и без нагли забрзувања.


 

 

 

Facebook