Peugeot
го претставува своето ново спортско купе пред старт на
салонот во Франкфурт
каде што RCZ
ќе ја доживее светската премиера и светот конечно ќе може
да ја види во живо оваа скулптура на четири тркала.
Иако поставен на платформата врз која лежи и моделот 308 ,
RCZ значително се разликува од својот големосериски брат како во дизајнот така
и со техничките карактеристики кои му подаруваат подобри перформанси и
динамички својства.
Peugeot
RCZ е поширок од 308 за 30 mm, има поширока трага напред
за 54 mm и назад
за
72 mm, спуштен е за 20 mm во однос на 308, а тежиштето е пониско за 40 mm во однос на хечбекот.
Носи поцврсти пружини и амортизери со карактеристики
соодветни за еден спортист и стои на леснометални бандажи од 18 или 19 инчи
обуени во пошироки гуми зад кои се сокриваат вентилирачи дискови напред со
дијаметар од 302 mm и дебелина од 26 mm.
Со доплата предните дискови можат да имаат дијаметар од
340 mm и дебелина од 30 mm, додека задните дискови секогаш се со дијаметар од 290 mm и
дебелина од 12 mm.
Интересно е што серискиот RCZ е многу малку изменет во
однос на концептот претставен исто така во Франкфурт пред две години.
Внатрешноста е безмалку идентична.
Задржане е кровот со сложена форма изработен од карбон-фибер
кој има две испакнувања над главите на возачот и совозачот и патниците кои
седат на задните 2+2 седишта како кај тркачките автомобили од средината на
минатиот век.
Арматурата, распоредот на инструментите каде бројачот на
вртежи е сместен од лево како кај вистиснките спортски автомобили исто така е
задржана. Кабината е прекриена со меки материјали, а централната конзола го
новиот WIP Com
3D мултимедијален систем споен
со аудио системот на JBL скроен специјално за RCZ.
Багажникот е со капацитет од 321 литри доволно за двајца
за на викенд, но истиот може да собере до максимални 639 литри со соборување на
задните две седишта. Нема драстични измени ниту во надворешниот дизајн.
Набабрените и широко развлечени крила и впечатливо кон напред
поместената кабина му ја даваат толку посакуваната нота агресивност. Задниот
спојлер е сокриен во капакот на багажникот и се извлекува автоматски во
зависност од брзината.
Поад релативно големата алуминиумска хауба на RZC место
ќе најдат три мотори. Најслабиот е 1.6 литарскиот турбо бензинец со 156 КС остварливи
при 5.800 врт/мин и вртежен момент од 240 Nm расположиви од 1.400 врт/мин
Следи турбо дизелот HDi од 2.0 литри кој остварува 163 КС при 3.750 врт/мин и има максимален
вртежен момент од 340 Nm располоќиви при 2.000 врт/мин.
Врвот е загарантиран за турбо бензинецот од 1.6 литри. Новиот
мотор остварува 200 КС при 5.800 со помош на т.н. Twin Scroll трубо полнач кој се активира при многу ниски вртежи на моторот и
овозможува моментален одзив на педалот за гас.
Максималниот вртежен момент изнесува 255 Nm при 1.700 врт/мин кој при нагло забрзување со помош на овербуст се
зголемува на 275 Nm. Карактеристики која е добредојдена посебно при престигнување на со сообраќај
набиени делници како што се планинските патни правци.
Сето ова е доволно за спринт од 0 до 100 km/h за
7,6 секунди и одлични меѓу забрзувања. Пример е забрзувањето од 80 до 120 km/h во
петти степен на пренос за 6,5 секунди.
Заедно со овој мотор во сериската опрема на RCZ доаѓа
и динамички прилагодливиот аудио систем кој во зависност од брзината на автомобилот
ја појачува односно ја смалува јачината на звукот, а во зависност од бројот на
вртежи на моторот ја мести еквилизацијата со што во секој момент се добива
совршен звук кој ја пегла бучавата.
Прикажаниот RCZ во Франкфурт ќе биде опремен со хибридната технологија на Peugeot, HYmotion 4 која сериски ќе работи во моделот 3008 Hydrid4 од пролет 2011, а подоцна ќе се вградува и
во RCZ.
Тоа значи дека изложениот примерок под хаубата ќе го
пакува 2.0 литарскиот HDi
FAP со 163 КС, додека на задната оска ќе биде поставен
електричен мотор со моќност од 37 КС.
Овој концепт нуди емисија на СО2 од само 95 g/km, a придобивката се огледува и во погонот на чети тркала и пониската
потрошувачка на гориво.
Peugeot
најави дека RCZ
нема да се произведува во погоните на компанијата во
Франција. За производство на RCZ е задолжена австриската Magna
Steyr, а истото ќе се одвива во нивната фабрика во Грац која е
специјализирана за производство на ексклузивни возила во мали серии.
Стартот на продажбата е закажан за на пролет следната
година.
|